Над 90 мртви, 140 ранети во нападите во Кабул- евакуацијата продолжува
Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашните напади на меѓународниот аеродром во Кабул. Според последните информации, загинале над 90 лица, меѓу кои 13 американски војници, додека 140 биле ранети...

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашните напади на меѓународниот аеродром во Кабул. Според последните информации, загинале над 90 лица, меѓу кои 13 американски војници, додека 140 биле ранети.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг ги осуди двата самоубиствени бомбашки напада, нарекувајќи ги страшен терористички удар. Приоритет на НАТО останува евакуација на што е можно повеќе луѓе што е можно поскоро, напиша Столтенберг на Твитер.
Американскиот претседател Бајден, се закани- терористите од Кабул ќе платат.
„ИСИС-К ги одзеде животите на американските војници. Рани многу цивили и многу цивили беа убиени. Убиените американски војници беа херои, херои кои ги спасија животите на другите. Мораме да ја завршиме оваа мисија. Терористите нема да не спречат, ќе продолжиме со евакуација. Наредив напади врз местата на ИСИС-К. Овие терористи нема да победат“, рече Бајден.
Републиканците пак, бараат импичмент за Бајден по нападот во кабул. Не е време за политиканство, се огласи Белата куќа.
