Продолжен рокот за ИПАРД огласот

27.08.2021 09:49

Поради летните одмори за 15 дена е продолжен рокот за поднесување на барањата за ИПАРД огласот. Наместо до 22 август, заинтересираните поединци и фирми документацијата ќе можат да ја достават до 6 септември. Европската комисија го зголеми и буџетот и наместо првичните 9,6 на земјоделците сега на располагање им стојат дополнителни уште скоро 4 милиони евра. Финансиската поддршка е 65 проценти од инвестициите за вложувања во мали бизниси и во занаетчиство во руралните средини...

Производство на прехрамбени производи и пијалоци, занаетчиски дејности, развој на услуги за руралното население како и промоција на руралниот туризам, се дел од инвестициите кои можат да бидат финансиски поддржани од ИПАРД 2 програмата.

Со парите од оваа програма ќе може да се отвораат нови или да се модернизираат погони за тестенини, колачи, да се отворат или унапредуваат фарми за одгледување на зајаци, дивеч, полжави, риби, насади за дрва, како и отворање на ресторани кои нудат угостителски и сместувачки услуги.

Согласно програмата 65 проценти од прифатливите трошоци за реализиација на инвестициите ќе им бидат вратени на земјоделците, занаетчиите и стопанствениците.

Преку оваа мерка за „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се создаваат услови за развој на малите и микро претпријатија кои траба да влијаат на поголемот развој на руралните средини.

Сите информации и потребната документација за аплицирање може да се најде на веб страницата на платежната Агенција. Крајниот рок за поднесување на барањата е 6 септември 2021 година.

 

Методија Трајков