Акција „ТЕРА“: Уапсени шест лица за криминал со субвенции

26.03.2014 17:12

Полицијата уапси шестмина меѓу кои инспектор од министерството за земјоделство и раководител во агенцијата за храна и ветеринарство, а еден сточар е во бегство...

Двајца сточари од скопско блаце две години внесувале лажни податоци за непостоечко стадо од 500-тини овци и јагниња. Овие податоци нивните пријатели вработени во државна администрација ги внесувале во Агенцијата за храна и ветеринарство по што им се исплаќале субвенции. На овој начин државниот буџет го оштетиле за 55.000 евра.

Полицијата уапси шестмина меѓу кои инспектор од министерството за земјоделство и раководител во агенцијата за храна и ветеринарство, а еден сточар е во бегство.

„Двете службени лица од државниот инспекторат за земјоделие при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја злоупотребиле службената положба и овластување односно извршиле фалсификување на записниците за извршен инспекциски надзор во кој внесувале невистинити податоци за надзорот и утврдена состојба на бројката на добитокот“, изјави министерката за внтрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Се работи за еден вработен којшто е приведен поради наводна злоупотреба на положба во делот на издавањето на субвенции, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство“, Дејан Рунтевски.


Андријана Атанасовска