Поранешниот еврокомесар Мишел Барние влегува во трката за претседател на Франција

27.08.2021 11:22

Барние е четвртиот политичар на десницата, кој ре реши да му се спротивстави на актуелниот претседател Емануел Макрон на изборите следната година.

Поранешниот еврокомесар и водечки европски преговарач за исход на Брегзит, Мишел Барние, се вклучува во претседателската трка во Франција.

Барние е четвртиот политичар на десницата, кој ре реши да му се спротивстави на актуелниот претседател Емануел Макрон на изборите следната година.

Многу е важно да се обединат десницата и центарот. Под ​​контрола да ја ставиме имиграцијата, да ја вратиме почитта кон работата во срцето на нашето општество и да се декарбонизира нашата економија, рече поранешниот еврокомесар Мишел Барние, кој се смета за еден од најспособните политички фигури на десницата – проевропеец и бранител на Франција во Европа.