Свет

Реакции по терористичкиот напад во Кабул

27.08.2021 12:04

Исламска држава- Хорасан ја презеде одговорноста за вчерашните напади на аеродромот во Кабул. Страшен терористички удар, се огласи генералниот секретар на НАТО. Терористите од Кабул ќе платат, се закани Бајден. Републиканците бараат негов импичмент. Не е време за политиканство, се огласи Белата куќа...

Десетици убиени и ранети американски војници и авганистански цивили во двата самоубиствени бомбашки напади на ИСИС-К на аеродромот во Kабул. Целта на терористичкиот напад биле Aвганистанците кои чекаат евакуација од земјата.

Еден од моите браќа беше на аеродромот. Сакаше да лета во странство. За жал, тој исчезна по експлозиите.

Мојот брат беше во 11 одделение, талентиран студент, но во Авганистан се создаде таква атмосфера што секој сака да замине во странство.“

Беше со празни раце, немаше документи, го придружуваше семејството. но експлозијата се случи кога се движеа и оттогаш сите се водат за исчезнати.

Знамињата на половина копје над Американскиот Конгрес и Белата куќа поради загинувањето на десетина маринци кои помагаа при евакуацијата од Авганистан. Се погласни најавите за импичмент на Бајден поради одлуката за заминување од Кабул до 31 август. Американскиот претседател објави дека ИСИС- ХОРАСАН е одговорен за терористичкиот напад и дека одобрил операции против нив.

Нема да простиме. Нема да заборавиме. Ќе ве ловиме и ќе ве натераме да платите“, нагласи Бајден.

Цело време бевме јасни дека ќе го задржиме правото да дејствуваме против ИСИС во Авганистан. И ние работиме многу напорно во моментов за да утврдиме кој е поврзан со овој кукавички напад. Подготвени сме да преземеме акција против нив“, рече генерал Кенет Мекензи- централна команда на САД.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг ги осуди двата самоубиствени напади како страшен терористички удар. Осуда и сочувство за загинатите од првиот човeк на Обединетите Нации, Гутереш.

И покрај терористичкиот напад, продолжи евакуацијата од аеродромот во Кабул со повеќе летови за да заврши пред 31 август поради опасноста од нови терористички напади.

Во Албанија пристигнаа првите 120 Авганистанци со авион од Тбилиси, Грузија кадешто биле евакуирани по заминувањето од Кабул.

 

 

Ирина Гелевска