Во Прилеп се одржува јубилејниот 10-ти Џез викенд фестивал
Ковид-ситуацијата не го загуби, но го видоизмени прилепскиот Џез викенд фестивал, кој годинава се одржува по 10-ти, јубилеен пат. Во живо, но он-лајн, публиката овој викенд ќе биде со џез музичарите. Тие пак, се свесни за тешката ситуација, но не ја губат надежта за враќање во „нормалното“...

Иако преку интернет, во живо пренесувано, но без публика, прилепскиот Џез викенд фестивал, кој се одржува по 10-ти, јубилеен пат, не го губи континуитетот, ниту поддршката за џез музиката. Центарот за култура „Марко Цепенков“ од синоќа до недела е домаќин на џез музичката култура. Публиката, поради ковид-протоколите, е присутна преку интернетот.
За музичарите ова е тешко време, некои се обидуваат да отворат новини, но на сите им недостасува публиката со надеж дека наскоро ќе се врати.
Поради ковид-ситуацијата годинава се главно домашни џез музичари, сепак, со гостин од Америка. Завршува в недела со перформанс на отворено и настап на „Љубојна“ на архелошкиот локалитет „Врбјанска чука“.
Елизабета Митреска
