ДПА со нови обвнувања за корупција во редовите на ДУИ

26.03.2014 17:17

Според партијата на Мендух Тачи, роднини на Али Ахмети се длабоко навлезени во коруптивни дејства...

Опозициската ДПА со обвинувања на адреса на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според партијата на Мендух Тачи, роднини на Али Ахмети се длабоко навлезени во коруптивни дејства. Го посочуваат вујкото на лидерот на интегративците.

„Тој ја држи функцијата на заменик ректор на Државниот универзитет во Тетово и континуирано освен платата и другите трошоци на универзитетот, врз основа на документите со кои ние располагаме зема и високи паушални износи“, вели Сајдие Иљази од ДПА.

Обвинуваат за измама тешка близу 574.000 денари, пари со кои се уништува сегашноста и иднината на студентите на Државниот универзитет во Тетово.

Демократската партија на албанците неколку дена наназад го обвинува политичкиот опонент  ДУИ за злоупотреба на функциите.

Тврдеа дека екс пратеничката, Ермира Мехмети добивала месечен хонорар од 30.000 денари од  Министерството за одбрана на чие чело е нејзиниот сопратиец Талат Џафери.

 

Душица Ристова