Расте интересот за вакцинација
Расте интересот за вакцинација кај населението. Во последните две недели аплицирањето е зголемено за 14 насто. На вакциналните пунктови и на терен, заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 712.338 граѓани...

Расте интересот за вакцинација кај населението. Во последните две недели аплицирањето е зголемено за 14 насто. На вакциналните пунктови и на терен, заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина примиле 8.530, а вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани. Досега се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, соопшти Mинистерството за здравство.
51 процент од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 насто од населението од 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Во постојните вакцинални пунктови граѓаните се вакцинираат без закажан термин. Од Mинистреството за здравство велат дека вакцините се безбедни и ефикасни и тие се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, со што се намалува шансата од заболување и смртен исход.
Во последната ковид статистика се регистрирани нови 978 случаи на Ковид-19 од 7.452 тестирања. 24 лица ја загубија битката со вирусот.
