Се откажуваат свадебните веселби и семинарите во струшките хотели
Се откажуваат свадбените веселби, дел се одржуваат со преполовен број на гости, само оние кои поседуваат вакцинални сертификати. Од ХОТАМ велат откажани се и големиот број семинари. Пазарниот инспекторат секојдневно врши контроли, досега во струшко не се констатирани прекршувања на протоколите...

Се откажуваат закажаните свадби. Дел се одржуваат, но само со гости кои поседуваат вакцинални сертификати. Преполовени се списоците на свадбарските сватови. И хотелите имаат редари, иако пансионските гости се изземени од протоколите, надворешните гости мора да бидат вакцинирани.
Од ХОТАМ велат откажани им се и поголемиот број на семинари, кои требаше да се одржат во септември.
„Најмногу што се откажани се семинари, семинарите се откажуваат поединци на гости што имаат резервации нема многу. Дополнитлено треба да се каже некои гости кои имаа закажано со букинг или дирекно во хотел доколку немаат примено вакцина ке треба да им се откаже резервацијата, а тоа може да има компликации до меѓународни судови“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Пазарниот инспекторат во Струга дневно врши стотина контроли во угостиелските објекти.
„Не се констатирани неправилности повеќе се контролираат угостителските објекти кои може да прават свадби и прослави, до денес не се констатирани неправилности, одлуките се почитуваат“, вели Шпенди Илјази, раководител на Пазарен инспекторат Струга.
Од 1-ви септември и домашни и странски државјани, за влез во земјава на граничните премини ќе мора да приложат: сертификат/потврда за извршена имунизација со две дози, потврда за прележан вирус не постара од месец и половина, негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влез или негативен резултат од брз антигенски тест, направен 48 часа пред влез во земјава.
Соња Рилковска
