Иванов во Општина Лозово: За мене секој човек е подеднакво важен
Ѓорге Иванов преставувајки ја својата изборна програма пред жителите на општина Лозово го побара нивниот глас за втор претседателски мандат. Многу работи се направени но има уште многу да направиме во општината која е позната по меѓуетничкиот соживот, потенцираше Иванов...

„Државата пред се“ е доказ дека за мене, рече Иванов секој човек е подеднакво важен, јас на луѓето не гледам како на бројки тука како луѓе со кои треба да сработиме уште многу.
„Направивме доста,во Македонија се градат автопатишта, пруги во Македонија се градат фабрики, тоа е новото лице на Македонија, по тоа е македонија препознатлива и тоа во услови на кога имаше најголема криза почнувајки од 2008 година“, рече кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.
Соработував со сите, се среќавав со Државници, соработував со Владата, со градоначалниците целата беше во услови на најголема криза ние заедно да работиме за да стигнеме до резултати кои се забележани од странски релевантни институции. Нашата заедничка работа е причина годинешниот рас на бруто домашниот производ да биде проектиран на 3,3 проценти што Македонија ја вбројува меѓу првите земји во Европа.
„120 илјади нови работни места се отворени низ Македонија. Цел е да се отворат уште за луѓето да работат и заработуваат и да си ја планираат својата иднина за себе и за своите деца затоа ќе продолжам да давам подршка на сите институции на Општините и стопанството да созадваат нови работни места
Како претседател на државата ќе се залагам да има што повеќе проекти за самовработување, рече Иванов пред жителите на Лозово изразувајки задоволство што во општината веќе се спроведуваат активни мерки за вработување, проекти за доедикација, за јазици за компјутери, обуки кај разни работодавачи.
Лозово е земјоделски регион, ја разбирам вашата мака,ја знам Вашата потреба, еден од Вас сум , затоа и од тука како кандидат за претседател ќе кажам заедно со Владата остануваме посветени во развојот на земјоделието. Во последните осум години исплатени се 550 милиони евра субвенции,рече Иванов, на сметките на лозарите,тутунарите, сточарите годинава легнати се 70 милиони евра, до крајот на 2014 по основ на субвенции ќе бидат исплатени уште 140- милиони евра. Со инветирањето во земјоделството,вели Иванова, Македонија може да се прехрани себе и другите. Ја бараме вашата подршка за да продолжиме да работиме за развојот на земјоделството, сточарството за инфраструктурата.
„Се гради и обновува на секое место патиштата низ Македонија што е случај со патот од Велес преку Лозово до Кадрифаково, затоа знаеме каде одиме и што сакаме. Ве повикувам сите Вас со заедничка енергија побргу да ги оствариме заедничките цели кои го обединуваат целото Македонско општество“,рече претседателскиот кандитат Ѓорге Иванов на митингот во општина Лозово.
Како претседател ќе продолжам со напорите за интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. За нашата подготвеност, рече ИВАНОВ зборуваат петте позитивни извештаи и петте препораки на Европската комисија за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија. Го бараме и ќе го барам она што сме го заслужиле, ни повеќе ни помалку од тоа,потенцираше пред жителите на Лозово, кандидатот за претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.
Човек може да се откаже само од она што му е дадено и стекнато ,рече ИВАНОВ, идентитетот додаде тој не ни е даден ниту ни е стекнат, идентитетот го имаме. И покрај сите притисоци овде пред вас велам -заедно ќе опстоиме, издржавме многу притисоци,блокади и уцени но работите се менуваат и ќе се менуваат. Македонија со своето уставно име веќе е призната од 135 земји. Нашаат сила е во аргументите, меѓународното право и принципите, затоа не се плашиме да седнеме да разговараме со јужниот сосед, тој се плаши оти нема аргументи, рече ИВАНОВ
Само како Македонија и како Македонци сме придобивка за светот и Европа, Само како Македонија и Македонци, Европа е придобивка за нас, потенцираше Иванов.
Дијана Иванова
