МОН: Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк
Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.
На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и приватните универзитети во државата. Ги повикуваме тековните студенти, денеска и утре да го завршат пријавувањето, за да може првата уплата во износ од 2.400 денари, да ја добијат на почетокот на октомври годинава. Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар.
Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.
Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари, 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Според проценките на МОН, очекуваме ова право да го искористат околу 40.000 студенти.
До сега за користење на субвенционираниот студентски оброк пријавени се 15.627 студенти.
