Климатските промени влијаат и врз вештачките акумулации
И поголемите вештачки акумулации се повеќе ги чувствуваат климатските промени. За три месеци наводнувачка сезона, пелагониските полиња голтнаа дури 42 милиони метри кубни вода од стрежевската акумулација. До крајот на наводнувачката сезона со рестрикции ќе се експлоатираат уште само неколку милиони метри кубни …

Предвидувањата дека во иднина водата ќе ја има во се помали количини, како последица на климатските промени, годинава го почувствуваа и поголемите вештачки акумулации. Само за три месеци наводнувачка сезона пелагониските полиња голтнаа 42 од акумулираните околу 80 милиони метри кубни вода од ХМС Стрежево.
Во вакви климатски услови, хидросистемите можат да ги ублажат последиците, но мора да се има на ум дека летово немавме тропски, туку пустински горештини, и релативна влажност од само десет степени. Тоа доведе да имаме енормна потрошувачка. Експлоатиравме вода како за површина од 9.000 хектари, а се наводнуваа само 5.000-велат од Стрежево.
Влијание имаа и некои злоупотреби од водокорисниците и структурата на сеидбените планови. Сепак климатските промени се сè поизразени и излезните решенија во модифицирање на хидрантската мрежа и на некои други методи мора да се смета-вели Дојчиновски.
До крајот на сезоната, наводнувањето ќе биде со чести рестрикции, затоа што за експлоатација остануваат само неколку милиони метри кубни вода. Останатото мора да се чува за безбедно задоволување на потребите на индустријата и граѓаните.
Стевче Митревски
