На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури на локалните избори
На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17-ти октомври. За овие избори има голем интерес за собирање потписи за независни кандидатури за неколку општини, а меѓу нив и за главниот град Скопје...

За овие локални избори, голем интерес за независни советнички листи и кандидати за градоначалници.
Според Државната изборна комисија, досега 18 лица собрале потписи да се натпреваруваат како независни кандидати за градоначалници, а уште 15 ги собираат потписите.
Досега има номинации од 38 советнички листи, додека уште 26 се очекува да ги обезбедат потребните потписи во повеќе општини. Рокот истекува вечер на полниќ.
Партиите имаат уште време за поднесување на листите. Крајниот термин е 11-ти септември.
