Авганистан

Истрелани повеќе ракети кон аеродромот во Кабул

30.08.2021 09:56

Талибанците пак се подготвуваат за контролата врз меѓународниот аеродром. Повеќе ракети биле истрелани кон аеродромот, но биле пресретнати од системот за противракетна одбрана.

Утре истекува крајниот рок за целосно повлекување на американските сили од Авганистан. Заложбите на Белата Куќа е тој да биде испочитуван. Високи американски претставници предупредија дека последните часови од операцијата во Кабул ќе бидат крајно опасни.

Талибанците пак се подготвуваат за контролата врз меѓународниот аеродром. Повеќе ракети биле истрелани кон аеродромот, но биле пресретнати од системот за противракетна одбрана.

Првичните извештаи не укажуваат на жртви меѓу Американците. Неколку деца загинаа во вториот напад на американските воени сили со беспилотно летало, кое уништи возило полно со експлозив недалеку од меѓународниот аеродром во авганистанската престолнина.

САД одговорија  на нападите на огранокот на групата Исламска држава во провинцијата Хорасан, на аеродромот во Кабул во кои загинаа најмалку 175 лица, меѓу кои и 13 американски војници.

Соединетите држави го прекинуваат авионскиот превоз со кој сојузниците евакуираа повеќе од 117.000 луѓе од земјата.