Германија

Mеркел се пензионира следниот месец

30.08.2021 10:10

По 16 години како канцелар, Меркел ќе се пензионира од политиката. Ќе добива по петнаесет илјади евра месечно. Можно е да го престигне својот политички ментор Хелмут Кол, кој е се уште повоен канцелар со најдолг стаж.

На 26-ти септември се избира нов Бундестаг. Ангела Меркел нема да се кандидира за нов мандат како федерален канцелар. Останува во канцеларскиот кабинет и продолжува да го води, се до формирањето нов кабинет.

По 16 години како канцелар, Меркел ќе се пензионира од политиката. Ќе добива по петнаесет илјади евра месечно. Можно е да го престигне својот политички ментор Хелмут Кол, кој е се уште повоен канцелар со најдолг стаж.

Канцеларската кариера на Кол заврши во 1998 година. Меркел ќе го собори тој рекорд доколку остане на функцијата до 17-ти декември оваа година.