Над 14 илјади активни случаи со Ковид-19

30.08.2021 09:16

Според последните податоци од Министерството за здравство, во болнички услови битката со вирусот ја загубиле 27 лица, најмладиот, на 36 години од Струга.

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава се искачи на 14.360. И натаму најмногу заразени има во Скопје, Тетово и во Гостивар.

Повторно висок број на починати како последици од Ковид-19. Според последните податоци од Министерството за здравство, во болнички услови битката со вирусот ја загубиле 27 лица, најмладиот, на 36 години од Струга.

Од направените 4.618 тестирања, регистрирани се 674 нови случаи, односно 14,5 проценти се позитивни.