Русија се уште е преголем залак за нашите најдобри ракометарки
Иако претпоставувавме дека руската селкција веќе не е велесила, во првата средба ја почувствувавме моќта на противникот во новиот квалификикациски циклус, во кој што селекторот Магдинчев влезе со подмладен состав.

Квалификациите за европското првенство во Унгарија и Хрватска, што ќе се игра од 7-ми до 21-ви декември годинава, ги почнавме со пораз во русија. Зборнаја не совлада со убедливи 36:23 (18:12). Најдобри поединки во нашиот состав беа георгиевска и десподовска со по 6 гола, митрова постигна 4, а Грозданоска, Илкова и Младеновска дадоа по два гола.
Германија е третата селекција, во групата 7. Во ова коло германките беа слободни, а во првата рунда славеа над Русија со 32:27.со русинките играме дома за три дена, на Кале во Скопје. На 11-ти јуни на домашен терен и на 14-ти јуни на гости, играме со Германија.
