Нов Зеланд: Прв смртен случај по примена вакцина на „Фајзер“

30.08.2021 12:17

Независна комисија за следење на безбедноста на вакцините против Ковид-19 утврди дека смртта на жената се должи на миокардит, редок несакан ефект...

Властите во Нов Зеланд соопштија дека жена починала откако ја примила вакцината „Фајзер“ против Ковид-19.  Ова е прв ваков смртен случај во земјата.

Независна комисија за следење на безбедноста на вакцините против Ковид-19 утврди дека смртта на жената се должи на миокардит, редок несакан ефект од вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Според комисијата, миокардитот најверојатно бил предизвикан од вакцинацијата.