Утре истекува крајниот рок за целосно повлекување од Авганистан
Талибанците се подготвуваат за контролата врз меѓународниот аеродром. Повеќе ракети биле истрелани кон аеродромот, но биле пресретнати од системот за противракетна одбрана. Првичните извештаи не укажуваат на жртви меѓу американците.
Утре истекува крајниот рок за целосно повлекување на американските сили од Авганистан. Заложбите на Белата куќа е тој да биде испочитуван. Високи американски претставници предупредија дека последните часови од операцијата во Кабул ќе бидат крајно опасни.
Талибанците, пак, се подготвуваат за контролата врз меѓународниот аеродром. Повеќе ракети биле истрелани кон аеродромот, но биле пресретнати од системот за противракетна одбрана. Првичните извештаи не укажуваат на жртви меѓу американците.
Неколку деца загинаа во вториот напад на американските воени сили со беспилотно летало, кое уништи возило полно со експлозив недалеку од меѓународниот аеродром во авганистанската престолнина.
„Бев дома со моите деца и со други членови на семејството. Оденаш слушнавме експлозии. Веднаш легнавме долу на земјата“, вели жител на Кабул.
САД одговорија на нападите на огранокот на групата Исламска држава во провинцијата Хорасан, на аеродромот во Кабул во кои загинаа најмалку 175 лица, меѓу кои и 13 американски војници. Американскиот претседател Бајден им оддаде почит на загинатите американски војници.
Соединетите држави го прекинуваат авионскиот превоз со кој сојузниците евакуираа повеќе од 117.000 луѓе од земјата. Германија пак, вели дека се прават напори за да им се помогне на луѓето во Авганистан. Министерот за надворешни работи Хајко Маас рече дека Узбекистан е подготвен да помогне.
„Штом аеродромот во Кабул повторно работи, ќе создадеме простор преку воена евакуација да донесеме германски државјани, локален персонал и други ранливи луѓе“, изјави министерот Маас.
Германија планира да преземе 40.000 луѓе од Авганистан или преку аеродромот во Кабул, кој се планира да биде отворен до утре, или преку копнен пат во соседните земји. Федералната влада е загрижена за транзитот на луѓе кои треба да бидат префрлени во Германија.
Марина Ристова
