РКЕ
Повисоки цени на горивата од полноќ
30.08.2021 12:37
Во согласност со методологијата која Регулаторната комисија за енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечер на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,84 проценти.

Од полноќ нови цени на горивата. Во согласност со методологијата која Регулаторната комисија за енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечер на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,84 проценти.
Еуросупер БС- 95 поскапува за половина, а 98-цата и дизелот за денар. Еуросупер БС-95 ќе чини 71 денар за литар, а Еуросупер БС-98, 73 денари. Дизелот ќе чини 62,5 денари за литар, а маслото за домаќинство за 62,5 денари. Мазутот поскапува два денари и ќе се продава за 93 денари за килограм.
