Обама: Санкциите кон Русија се најголеми по Студената војна

26.03.2014 19:39

Обама истакна дека во фокусот на денешнито Самит била ситуацијата во Украина, посочувајќи дека руската акција таму не е само кон една змеја, туку кон Европа и свет во кој живееме...

Русија остана сама и сама ги брани акциите во Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на настаните во Украина, а санкциите на Европската унија и САД се најважни во односите со Русија по студената војна.
 
Оваа порака на прес-конференција во Брисел ја испрати американскиот претседател Барак Обама, во неговата прва посета на институциите на Унијата во рамки на Самитот ЕУ-САД, каде очекувано настаните во поранешната советска република беа главна тема на разговори со претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Херман ван Ромпуј и Жозе Мануел Барозо.
 
Добитниците на Нобеловата награда за мир, Обама и Европската унија, денеска од Брисел испратија јасни пораки до остатокот на светот. Никогаш на Унијата не и бил толку важен состанокот на врвот меѓу ЕУ и САД, како што и на Соединетите држави овој состанок им даде можност за појасен и посилен став за решавање на светските проблеми, како што е кризата со Русија низ украинската призма.
 
Важна алка меѓу Брисел и Вашингтон се преговорите што се водат за склопување на Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство.