Грција

Протести поради задолжителната имунизација во Атина

30.08.2021 13:42

Од грчката полиција соопштуваат дека на протестот, организиран преку социјалните мрежи, учествувале околу 7.500 лица.

Вкупно 47 лица биле приведени во центарот на Атина за време на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација.

Од грчката полиција соопштуваат дека на протестот, организиран преку социјалните мрежи, учествувале околу 7.500 лица.

Демонстрациите пред грчкиот парламент завршија со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и водени топови.

Тензијата од пред парламентот се пренесе и по околните улици.