СЗО: Наставниците приоритет за вакцинација

30.08.2021 15:46

Ова е од огромно значење за образованието на децата, менталното здравје и социјалните вештини, за училиштата да помогнат со цел нашите деца да бидат среќни и продуктивни членови на општеството, нагласи директорот на европскиот регион на СЗО, Ханс Клуге.

Наставниците и вработените во училиштата треба да добијат приоритет за вакцини против Ковид-19, бидејќи училиштата мора да останат отворени за учениците, соопштија Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Понатаму додадваат дека е „од витално значење учењето во училница да продолжи непречено“, и покрај ширењето на позаразната варијанта делта на коронавирусот.

Ова е од огромно значење за образованието на децата, менталното здравје и социјалните вештини, за училиштата да помогнат со цел нашите деца да бидат среќни и продуктивни членови на општеството, нагласи директорот на европскиот регион на СЗО, Ханс Клуге.

Пандемијата го предизвика најкатастрофално нарушување во образованието во историјата, додаде тој.