Американските војници се повлекоа од Авганистан

31.08.2021 09:43

Со последниот лет земјата ја напушти и американскиот амбасадор. Американската амбасада во Кабул, пак, на својата веб-страница соопшти дека ги суспендирала сите активности. Од Кабул ќе биде префрлена во Доха.

Од аеродромот во Кабул замина и последниот американски воен авион со што официјално заврши најдолгата американската воена операција во Авганистан. Во Кабул заврши и мисијата за евакуација на загрозени граѓани и луѓе од други земји.

Со последниот лет земјата ја напушти и американскиот амбасадор. Американската амбасада во Кабул, пак, на својата веб-страница соопшти дека ги суспендирала сите активности. Од Кабул ќе биде префрлена во Доха.

А во Кабул се слушаат славенички истрели, откако Талибанците изутрината ја презедоа контролата и врз аеродромот. Последниот американски војник го напушти аеродромот, со што нашата земја има комплетна независност, изјави портпаролот на Талибанците, Муџахид.