Пандемија
Откриен нов сој на Ковид-19 во Јужна Африка
31.08.2021 10:48
Во новото истражување на Јужноафриканскиот институт за заразни болести се наведува дека овој вид би можел да биде позаразен од останатите и отпорен на вакцините.

Откриен е нов вид на коронавирусот во Јужна Африка. Според научниците Ц 1. 2 мутирал повеќе од сите досега познати соеви.
Во новото истражување на Јужноафриканскиот институт за заразни болести се наведува дека овој вид би можел да биде позаразен од останатите и отпорен на вакцините.
Според нив, потребни се анализи за да се разбере точниот број на мутации и да се утврди дали новиот сој има „конкурентска предност“ во однос на делта сојот.
