Ракомет

Реално се очекуваше, но дали толку многу?!

26.03.2014 20:16

Желбите се едно, можностите сосема друго. Можеби излитена фраза, но пустата толку реална, барем во нашиов случај.

Русија-Македонија високи 36:23. Резултат со кој македонскат подмладена женска ракометна репрезентација со новиот селектор Ристо Магдинчев го отвори 10-тиот квалификациски циклус за можен континентален пласман.

И руската чета на ново-стариот руски предводник Евгениј Трефилов, подмладена. И тие и ние во од ја дотеруваме, оформуваме селекција, но разликата е евидентна, па и голема, барем резултатски гледано.

Од почетокот на натпреварот во Ростов домашните ракометарки го диктираа натпреварот и состојбата на семафорот. По 30 минути игра предноста е шест погодоци, 18:12. Стартот на вториот дел носи намалување на 4 разлика, за потоа скокне на 8, за да се заврши со 13 плус гола за русинките во македонската мрежа, 36:23.

Во нашиот тим најпрцизни Георгиевска и Десподовска со по шест погодоци, Митрова два помалку, а Илкова, Гроздановска и  Младеновска се запишаа по два успешни обида.

Реваншот од двомечот во квалификациската група 7, Македонија-Русија во Скопје ќе се одигра в сабота во СРЦ Кале во 17.45(пренос МРТ 1).

Влезот за натпреварот ќе биде слободен.