Сад
Евакуирани стотици луѓе по ураганот „Ајда“
31.08.2021 11:28
Орканот од четврта категорија што го погоди јужното американско крајбрежје донесе ветер со 240 километри на час.

Стотици луѓе се евакуирани во Луизијана по ураганот „Ајда“. Орканот од четврта категорија што го погоди јужното американско крајбрежје донесе ветер со 240 километри на час.
Околу милион домови во Луизијана, вклучувајќи го и Њу Орлеанс, останаа без струја. Енергетската компанија предупреди дека може да поминат неколку недели пред да биде поправена електричната мрежа.
