ДКСК: Институциите да ги почитуваат одредбите од Изборниот законик и Законот за спречување корупција
Не треба да бараат од Антикорупциска комисија мислења за создавање алиби за градење објекти, за вработувања или пак за отуѓување или закуп на градежно земјиште, потенцираат од Антикорипциската комисија.

Институциите треба да си ги извршуваат надлежностите за почитување на одредбите од Изборниот законик и Законот за спречување корупција. Не треба да бараат од Антикорупциска комисија мислења за создавање алиби за градење објекти, за вработувања или пак за отуѓување или закуп на градежно земјиште, потенцираат од Антикорипциската комисија.
Според претседателката на комисијата, Ивановска власта има обезбедено средства и програми за трошење на буџетските пари за редовни активности, но сепак таа врши суптилно влијание врз гласачите со тоа што ги темпира најголемиот дел од активностите за време на периодот пред избори.
Членовите на комисијата ги презентираа податоците за тоа кои од општините, министерствата, поднеле барање за мислења и препораки во однос на одредбите од Изборниот законик. Децидни се дека се забранети нови вработувања, вонредни исплати од буџетот, или пак почеток на нови проекти кои не се предвидени во плановите за оваа година.
Нури Барјами се осврна на именувањето на испразнети места на функционери во предизборниот период. Вели дека е недовозволиво во услови на оставка на директор на Царинска управа, да се најавува кој ќе биде следниот директор. Задолжителен е јавен оглас на кој треба да се избира раководното лице, смета Бајрами.
Антикорупциската комисија донесе одлука за поведување постапки за функционери поради прекршување на законот.
Игор Панов
