Преспански договор

Османи- Дендијас: Постигнато е многу, но претстои сѐ уште работа

31.08.2021 12:45

Грчкиот шеф на дипломатијата Дендијас, во посета на земјава. Потврди дека Грција останува цврсто на поддршката за евроинтеграцијата на Западниот Балкан, и за што е можно побрзо почнување на преговорите со Северна Македонија. Постигнато е многу во спроведувањето на Преспанскиот договор, но претстои сѐ уште работа...

Постигнато е многу во спроведувањето на Преспанскиот договор,  но претстои сѐ уште работа, се согласиле македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата, Османи и Дендијас на средбата во Скопје.

По потпишувањето на договорот, значително е зголемена економската соработка, заедничкото вложување во гасоводниот интерконектор, железничко поврзување и отворање два нови гранични премини.

Дендијас потврди дека Грција останува цврсто на поддршката за евроинтеграцијата на Западниот Балкан, и за што е можно побрзо почнување на преговорите со Северна Македонија.

Грција и Македонија ќе продолжат да соработуваат и во меѓународните организации, оттаму и нашата поддршка за членство на Грција во Советот за безбедноста на Обединетите нации во 2025-та.

Ирина Гелевска