Здравство

Филипче: Училишната година треба да почне со физичко присуство

31.08.2021 12:55

Сите анализи укажуваат дека училишната година треба да почне со физичко присуство, вели министерот за здравство. Филипче појаснува дека ситуацијата се стабилизира, а факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под единица. Засега нема нови рестриктивни мерки...

Сите анализи укажуваат дека училишната година треба да почне со физичко присуство, вели министерот за здравство. Филипче појаснува дека ситуацијата се стабилизира, а факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под единица. Засега нема нови рестриктивни мерки.

„Очекуваме да продолжи трендот на опаѓање на бројките на ново заразени, кој е присутен веќе неколку денови наназад. Денеска имаме под 900 новозаразени, а факторот на преносливост е намален под единица, односно засега е 0,9. Исто така, постепено се стабилизира ситуацијата во Тетово, кој беше еден од најсилно погоддените градови во овој бран“, изјави министерот Филипче.

Одлуката на ЕУ да ја стави Македонија на црвената листа на небезбедни земји, според Филипче е поттик да се вакцинираме. Вакцинираните граѓани, додаде, може да патуваат во ЕУ, бидејќи вакциналниот сертификат е признат во сите европски земји.