Битиќи: Во овој момент не се размислува за седми пакет економски мерки
Со економските мерки угостителскиот сектор доби над 14 проценти од вкупната финансиска поддршка во стопанството, вели вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Вели, во овој момент не се размислува седми пакет економски мерки...

Со економските мерки угостителскиот сектор доби над 14 проценти од вкупната финансиска поддршка во стопанството, вели вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Вели, во овој момент не се размислува седми пакет економски мерки.
„Секојдневно разговарам со стопанските комори и ако навистина тоа е нужно ќе направиме одредена мерка зашто не знаеме колку ова привремено лимитирање на движење на граѓаните ќе влијае. За жал сме и во предизборен период и секоја мерка може да се протолкува различно и затоа нема да кажам дали ќе има или нема да има мерка. Само потврдувам дека се разговара и ако е вистински потребно заедно ќе ја донесеме“, рече Битиќи.
Тој посочи дека здравјето на граѓаните е пред сè. Ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните, здравјето на граѓаните е пред сѐ, потенцира Битиќи.
