Највозрасната група граѓани го подобри својот животен стандард
За триесетина години во Македонија најбројни ќе бидат повозрасните. Оние кои заработуваат- трошат, скоро никој одсега не размислува дека во старост ќе живее само од пензија.

Иако со вработувањата се полни касата, мора да се штеди. Осигурителите од вториот пензиски столб тргнаа во едукација на младите.
„Целиот работен век не размислуваме за пензија, заработуваме и трошиме, но мора да размислуваме за пензија, за да може да трошиме и под стари години мора да се започне со штедење – со пензијата штедиме уште од првата плата“, велат експерите.
А пензионерите од Сојузот по низа погодности што ги добија велат дека си обезбедиле посигурно трето доба. Бесплатен превоз, банско лекување и повисоки примања. Само годинава со линеарното покачување за 600 денари месечно, минималната пензија пораснала за 10 насто.
„Споредбено во 2006 та година има зголемува најниска пензија од 4330 во 2006 зголено на 7620 во 2014 –та, е покачена за 76 насто, а највисоката од март 2006 тат досега 27.600 а во март годинава изнесува 36 илјади денари, за 30,40 проценти зголемување“ – вели Драги Аргировски од Сојуз на пензионери на РМ.
Кризата ги намали платите и пензиите во многу земји , но највозрасната категорија граѓани во Македонија го подобри животниот стандард. Од државната каса за годинава се одделени милијарда и 800 милиони денари за покачување на пензиите. Според експертите сума која може да влијае на зголемување на побарувачката на стоки за широка употреба што ќе се манифестира со зголемено произвоство.
Сузана Фиданска- Стоевска
