Здравство

Расте бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Велес

31.08.2021 13:46

И интерното одделение од велешка болница почна да згрижува ковид пациенти. Поради големиот интерес за вакцинација, пунктот во здрвствениот дом почна да работии во две смени...

Зголемениот број на пациенти, позитивни на Ковид-19, го отвори интерното одделение од Велешка болница за нивно згрижување. Таму утрово имаше четворица пациенти, двајца позитивни, а двајца сомнителни. Бројот на згрижени пациенти во Инфективното одделение кое е ковид центар достигна од 39 лица. Но, не се сите од Велес и велешко, ги има и од соседните градови.

Бројот на активни случаи во велешко со корона вирусот заклучно до вчера достигна до 214 пациенти. Истовремено, сѐ поголем интерес кај велешани, но и жителите од околните населени места во општината, за вакцинација. Поради тоа вакциналниот пункт во Здравствениот дом со имунизација започна да работи во две смени од 7 до 19 часот, а тој во спортската сала во училиштето „Коле Неделковски“  денес се затвора.

Денес завршува и теренската вакцинација во селата од велешко, но и соседни општини Градско и Чашка, при што изминатите месец дена, беа посетени 50-тина населени места, некаде со висок одѕив, некаде со скромен.

 

Петар Печков