За некои училишта пртоколите се предизвик
Тетовските основни училишта се подготвуваат за почетокот на новата учебна година која ќе започне со физичко присуство, а владата даде задолженија да се спроведе протокол за овој начин на настава со вкупно 38 точки. За некои тетовски училишта тоа е вистински предизвик...

Во училиштето „Братство Миѓени“ се вршеше дезинфекција, поставени беа едукативно- информативните материјали за заштита на здравјето и безбедноста во училиштето, средства за хигиена. Од раководството, велат дека поучени од претходното искуството со настава во време на пандемијата, речиси сите точки од протоколот ќе се спроведуваат.
Единствено, точката учениците од една паралелка да престојуваат во една просторија, без можност за мешање на учениците од различни паралелки во иста училница, за ова основно училиште ќе биде предизвик да ја спроведе.
Од Општина Тетово, велат дека има капацитет да се спроведе протоколот во училиштата каде ќе има и строги контроли, дали истите се почитуваат. По две недели ќе се направи анализа и според состојбата со пандемијата, ќе се одлучи дали ќе продолжи наставата со физичко присуство или онлајн.
Зоран Димовски
