Локални избори

Партиите ја заоструваат реториката

31.08.2021 14:13

Се заострува реториката за локалните избори, иако до кампањата има речиси еден месец. Од обвинувања за моноетничко делување, до изјави за примитивизам...

Се заострува реториката за локалните избори, иако до кампањата има речиси еден месец. Од обвинувања за моноетничко делување, до изјави за примитивизам. Социјалдемократите со последните 10-тина кандидати го затворија кругот на личности кандидати за градоначалници и советници.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски убеден во победата на нивните кандидати ги коментираше и навредливите изјави кон Данела Арсовска.

Артан Груби од ДУИ, коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива ја нарече коалиција 27. Не е убеден дека може таа коалиција да освои гласови бидејќи членството на едните нема да гласа за кандидатите на другите.

Таравари од Алијанса е е убеден дека во неговиот Гостивар, партијата заедно со Алтернатива ќе дојдат до сигурна победа, бидејќи ДУИ не се покажал во реализацијата на проекти.

До полноќ, ДИК потврди 25 независни кандидатури за градоначалници.

 

Миле Ристески