Пожар на Галичица, забрзано се шири кон врвот Магаро

31.08.2021 14:21

Во моментот гори сува трева, грмушки и ниска дерогирана ретка шума, а непристапниот терен и неексплодираните убојни средства, заостанати по балканските и Првата Светска војна не овозможуваат гаснење на пожарот од земја.

Пожарот кој што во ноќните часови на 29-ти август беше регистриран на планината Галичица од албанска страна со помош на ветерот веќе навлезе на македонска територија кај граничниот премин Ф-9.

Во моментот гори сува трева, грмушки и ниска дерогирана ретка шума, а непристапниот терен и неексплодираните убојни средства, заостанати по балканските и Првата Светска војна не овозможуваат гаснење на пожарот од земја.

Експертите од националниот парк „Галичица“ велат дека состојбата е критична бидеќи дува ветер од јужен правец и забрзано го шири пожарот кон северозапад, односно кон врвот Магаро.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски по претходна координација со надлежните во Националниот парк веќе испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало за спроведување на активности за гасење на пожарот.