Последни подготовки за настава во пандемија
Во новата учебна година основните училишта ќе почнат со полн капацитет односно со физичко присуство во сите одделенија. Се прават последните подготовки за настава во пандемија. Под строги протоколи ќе започне првиот училишен час...

Во новата учебна година основните училишта ќе почнат со полн капацитет односно со физичко присуство во сите одделенија. Се прават последните подготовки за настава во пандемија. Под строги протоколи ќе започне првиот училишен час.
На влез, дезинфекција на раце и мерење на температура. Движење во ходниците со физичка дистанца, во тоалетите средства за лична хигиена, а потоа во училница со маски на лицето, не е дозволен физички контакт, училниците мора да се проветруваат, се само дел од мерките. Директори на основни училишта велат дека протоколите ќе се почитуваат. Родителите утре треба да поднесат медицинска потврда доколку сакаат нивното дете наставата да ја следи онлајн.
Училиштата се подготвени за сите сценарија. Одлуката за почнување со физичко присуство е во интерес на децата заради процесот на социјализација и заштита на менталното здравје, рече министерката Царовска по посетата на училиштата во општината Чаир.
Од УНИЦЕФ истакнаа зошто е важно децата да тргнат на училиште. Ја поздравија одлуката за настава со физичко присуство.
Настава од први септември поради епидемиолошката слика ќе се пролонгира во Тетово и Гостивар. По нивен пример и општините Кичево, Маврово и Струга побараа одложување на наставата, но барањето беше одбиено.
Викторија Милевска
