Образование

Почнува учебната година, учениците се враќаат во училишните клупи

01.09.2021 09:17

Од Министерството за образование најавија, доколку се влоши епидемиолошката состојба ќе се премие кон друг модел на настава, комбинирана со ротирање во две групи ученици, односно моделот дел од учениците да бидат во училишта, а другите постојано да следат настава на далечина...

После година и половина, учениците од денеска се враќаат во училишните клупи. Ослободени од физичка настава може да бидат ученици со ретки болести или попречености, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите, како и од други немедицински причини, а дозвола ќе даде училиштето.

Лани, почетокот на учебната година доцнеше еден месец, почна на 1-ви октомври, а настава со физичко присуство посетуваа учениците од прво до трето одделение, како и во некои места кои ги исполнуваа условите за настава по протокол.

Од Министерството за образование најавија, доколку се влоши епидемиолошката состојба ќе се премие кон друг модел на настава, комбинирана со ротирање во две групи ученици, односно моделот дел од учениците да бидат во училишта, а другите постојано да следат настава на далечина.

Од УНИЦЕФ велат дека лани на македонските ученици им недостигале 52 недели учење со физичко присуство, додека во Европа оваа бројка изнесувала 24 недели.