Вакцинален сертификат или негативен ПЦР тест и за излез од Македонија
Од утре сите домашни и странски државјани при напуштање на земјата ќе треба да покажат сертификат за целосна вакцинација, потврда за прележана болест во последните 45 дена или негативен ПЦР или тест за антигени.

Владата на вчерашната седница ги дополни мерките за спречување на ширењето на Ковид-19. Од утре сите домашни и странски државјани при напуштање на земјата ќе треба да покажат сертификат за целосна вакцинација, потврда за прележана болест во последните 45 дена или негативен ПЦР или тест за антигени.
Граѓаните, пак, кои при влез во државата немаат соодветни документи, со новите измени наместо 7 ќе може во домашен карантин да останат 5 дена, ако во меѓувреме покажат негативен ПЦР тест.
Трошоците за изолација на странските државјани ги сносат тие самите.
