Останати спортови

Спортскиот „Оскар“ за Фетел

26.03.2014 21:24

Лауреус ,престижната признание за спортист на годината го освои возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел. Наградата која се споредува со филмскиот Оскар, на Фетел му беше врачена на церемонијата одржана во Куала Лумпур.

„Ова е една од најголемите награди што сум ги добил“-изјави Фетел ,импресиониран што престижното признание го освои во конкуренција со атлетските ѕвезди Уаеин Болт и Мо Фарах, со Рафаел Надал, Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс.

Фетел конечно стигна до Лауреус откако претходно 4 пати беше номиниран за спортист на годината , а во 2009-тата и за признанието „спортист со најголем прогрес во годината“.

Во женска конкуренција признанието го понесе американската тинејџерска пливачка сензација Миси Франклин,благодарение на 6-те злата од СП 2013-та.

За најдобар тим е проглесен Баерн од Минхен, а Рафаел Надал ја доби наградата за најголемо(камбек) враќање во изминатата година.