Вашингтон

Бајден: Повлекувањето од Авганистан е „најдоброто за Америка“

01.09.2021 10:07

Рече дека неговиот избор бил „напуштање или ескалирање“ и ја презеде „одговорноста“ за својата одлука. Истакна дека повлекувањето е крај на ерата на големи воени операции за обнова на други земји.

Американскиот претседател Бајден го нарече повлекувањето од Авганистан мудра одлука и „најдоброто за Америка“. Рече дека неговиот избор бил „напуштање или ескалирање“ и ја презеде „одговорноста“ за својата одлука. Истакна дека повлекувањето е крај на ерата на големи воени операции за обнова на други земји.

„Повеќе немавме јасна цел во мисијата во Авганистан. Ова е вистинската одлука. Најдобрата одлука за Америка“, изјави претседателот Бајден.

Соединетите држави и нивните сојузници евакуираа повеќе од 123.000 странци и авганистанци надвор од Кабул непосредно пред Талибанците да го заземат главниот град две децении откако беа отстранети од власта со инвазијата предводена од САД во 2001 година.