ЕУ: Ќе спречиме масовна „илегална миграција“ од Авганистан
Европската унија ќе се обиде да го запре евентуалниот масовен прилив на мигранти од Авганистан преку обезбедување помош за земјите од регионот и зајакнување на границите...

Европската унија ќе се обиде да го запре евентуалниот масовен прилив на мигранти од Авганистан преку обезбедување помош за земјите од регионот и зајакнување на границите.
Понатаму, Унијата вети дека ќе им помогне на соседите на Авганистан „да го зајакнат својот капацитет да обезбедат заштита, пристојни и безбедни услови за прием” за бегалците.
ЕУ не сака да се повтори 2015 година, кога повеќе од милион луѓе кои избегаа од граѓанската војна во Сирија пристигнаа во Европа. Тоа предизвика внатрешни несогласувања во ЕУ околу начинот на распределба на мигрантите меѓу земјите-членки.
