Сѐ уште важат мерките за заштита од болеста Африканска свинска чума

01.09.2021 10:18

Засега нема регистрирано случаи на добиточната болест Африканска свинска чума, но со доаѓањето на летото и годишните одмори, Агенцијата за храна и ветеринаство ги активираше препораките и заштитните мерки за спречување на нејзиното појаваување во нашава земја. Истовремено останува на сила и забраната за внесување на месо на граничните премини...

Сѐ уште важат мерките за одгледувачите на свињи за заштита и спречување на проширување на болеста Африканска свинска чума во нашата земја.

Иако досега нема пронајдено заболено животно во домашните фарми и ловишта, сточарите треба задолжително да ги чуваат животните затворени  и да ја засилат контролата на пристапот на други лица во објектите.

Болеста од која заболуваат домашните и дивите свињи, не е опасна за човекот, но предизвикува големи економски загуби. Се пренесува и шири преку директен контакт меѓу животните, или преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека. Смртноста кај домашните свињи може да достигне и до 100 проценти. Лек за Африканската свинска чума нема.

За секое движење надвор од фармите или транспорт, животните треба да имаат  валиден сертификат за нивната здравствена состојба. Строго е забрането и продавањето на животни надвор од добиточните пазари.

Ветеринарните инспектори вршат засили контроли и на увозот на свежо свинско месо и производи од месо,а на границите, во личниот багаж патниците не треба да носат храна и преработки од животинско потекло, преку кои болеста може да се пренесе и кај нас.

 

Методија Трајков