Левица поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски
Од партијата сметаат дека свесно, злонамерно и противзаконски дозволил и овозможил промена на софтверот за издавање личните карти уште во јуни, пред да бидат донесени било какви измени на Законот за личната карта.

Левица поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради постоење основано сомнение за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Од партијата сметаат дека свесно, злонамерно и противзаконски дозволил и овозможил промена на софтверот за издавање личните карти уште во јуни, пред да бидат донесени било какви измени на Законот за личната карта.
Од Левица очекуваат скопското обвинителство да го повика Спасовски на распит и да покрене обвинение против актуелниот министер за внатрешни работи.
