Халими во Суденичани: Сигурен сум дека албанците ќе гласаат за мене
Халими порача да не се манипулира со младите...

Кандидатот за претседател од ДПА, Илијаз Халими порача да не се манипулира со младите, кои за да си го зачуваат работното место се принудени да излезат во име на некое здружение и да апелираат албанците да не гласаат за единствениот кандидат албанец.
„Сигурен сум дека албанците сепак ќе гласаат за мене, за единствениот кандидат албанец за претседател и никој нема да ги сопре во оваа мисија“, изјави Илијаз Халими, кандидат за претседател од ДПА.
Претстедателот на ДПА, Мендух Тачи, побара од членството да разговараа со нивните сограѓани членови на ДУИ и да им кажат дека ги заплашуваат кога им велат оти кога ДПА ќе дошла на власт ќе биле бркани од работа.
„Ние не сме тие што ќе му го земеме лебот на еден албанец за да му го дадеме на друг. Не ние земаме плус леб од некого за да му дадеме на албанецот“, изјави Мендух Тачи, претседател на ДПА.
Изборниот караван на ДПА продолжува утре во Желино.
Фиљана Кока
