Поповски во Кичево: „Да промовираме заедништво, заеднички вредности“
„Ѓраѓанинот во прв ред“ - рече вечерва, во Кичево на предизборниот митинг престседателскиот кандидат на ГРОМ за претстојните претседателски избори, Зоран Поповски...

Два клучни приоритети за кои ќе се залагам се европска и слободна Македонија. Заедно да стојат сите етнички заедници. Покажавме дека во Македонија можеме да промовираме заедништво, можеме да промовираме заеднички вредности, рече Поповски.
„ГРОМ е партија која обединува во Македонија и трета опција кај нас“, изјави претседателот на ГРОМ - Стефче Јакимовски во Кичево.
Ние не бираме претседател да им се допадне на оние во Брисел и во Вашингтон, ние бираме претседател нам да ни се допадне, додаде Јакимовски.
Претседателскиот кандаитат на ГРОМ -Зоран Поповски имаше средба и со ѓраѓаните на Македонски брод.
