Пендаровски во Кавадарци ја претстави својата платформа

27.03.2014 00:33

Денеска, во склоп на предизборната кампања, пред граѓаните на Кавадарци, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ја промовираше својата програма...

Слобода, еднаквост и правда, се моите главни принципи кои ги промовирав на изборната конвенција и од кои немам намера да отстапам до крајот на кампањата, нагласи на вечерашниот митинг во Кавадарци претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Единствениот пат, опција и механизам, рече тој, е заедничката верба дека моќта на гласот на граѓанинот треба и мора да дојде до израз на претстојните избори уште во првиот круг на 13-ти април.