Од 16-ти до 21-ви септември ќе се одржи најновото издание на „Браќа Манаки“
Под мотото „И покрај сѐ“, од 16-ти до 21-ви септември ќе се одржи 42-то издание на „Браќа Манаки“. Во конкуренција, десет долгометражни и исто толку кратки филмови. Ревија на документарци и на Македонската телевизија...

Никогаш во историјата на нашата кинематографија не сме имале толку успешни проекти во низа. Ова е златно доба, наши филмови играат на „Санденс“, на Канскиот фестивал, имаме номинации за Оскар или сме во конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал. Наспроти пандемијата, фестивал „Браќа Манаки“ мора да има, рече директорот Мони Дамевски.
Под мотото „И покрај сѐ“, од 16-ти до 21-ви септември ќе се одржи 42-то издание на „Браќа Манаки“.
Актерот Бајрам Северџан е добитник на Големата sвезда на македонскиот филм, награда што ја доделува Друштвото на филмски работници за исклучителен придонес во нашата филмската дејност.
Во официјалната конкуренција се 10 долгометражни и 10 кратки филмови. Годинава ќе се одржи ревија на македонски документарни филмови насловена „Бисери на македонската документаристика“ кои ќе се емитуваат на Македонската телевизија.
Александра Спировска
