Израелски војници убиле Палестинец на западниот брег
01.09.2021 16:30
Според жителите на селото немало нарушувања или судири во областа во моментот на пукањето. Човекот се враќал од работа, кога бил застрелан од израелските војници, велат жителите од селото.

Израелски војници убиле Палестинец во окупираниот Западен брег во текот на ноќта, соопшти палестинското министерство за здравство.
Според жителите на селото немало нарушувања или судири во областа во моментот на пукањето. Човекот се враќал од работа, кога бил застрелан од израелските војници, велат жителите од селото.
Идентификуван бил како 39-годишен маж кој живеел во селото, иако неговата лична карта покажувала дека тој живеел во Ерусалим. Со тоа тој можел слободно да преминува меѓу Израел и Западниот брег.
