Затворена „Анска река“ на Заеви

17.11.2013 13:52

Инспекторатот за земјоделство изрече мерка забрана за работа ,а претходно и глоба од 13100 евра на фирмата „Еко Оранжерии Анска река“ од Валандово

Инспекторатот за земјоделство  изрече мерка забрана за работа ,а претходно  и глоба од 13100 евра на фирмата „Еко Оранжерии Анска река“ од Валандово,  сопственост на семејството  Заеви. Работела спротивно на законите и немала ангажирано стручно лице обелоденија  надлежните институции . Контролите на државниот инспекторат  за земјоделство, покажале дека Еко оранжерии Анска река не е регистрирана во Фитосанитарната управа.

- Од вчера Анска река не може да пласира производи на пазарот . Она што го утврди инспекторатот е што Анска  река избегнувала да се упише во  соодветниот регистер  од причини што немала соодветно стручно лице, изјави Румен  Стаменов, директор на  Државниот  инспекторат за земјоделство.

 Според  Агенцијата за храна фирмата  користела  несоодветен  пестицид за компир, маслодајна репка и овошје, а не за краставички.

Причината за уништувањето на овие корнишни е зголеменото присуство на пестицид над максимално дозволеното од 3 до 5 пати  изјави  Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата  за храна и ветеринарство.

Преку допис до медиумите компанијата од Валандово демантира дека употребувала несоодветни пестициди. Приложи и документ издаден од Министерството за земјоделство со кое, како што велат, се потврдува исправноста на зеленчукот.. 

 34 тони македонски краставички преполни со пестициди   кои ги увезе „Подравка“ се уништени на депонија во Вараждин.  За  пратката грозје тешка 9.200 килограми која исто така содржеше повеќе пестициди од дозволеното, а се продаде во Франција, директорот на ДИЗ напомена дека потекнува од индивидуален производител. Извозник е „Виви пром“ Богданци, а откупувач физичко лице. Надлежните посочуваат дека ваквите и слични случаи  сериозно може да го загрозат извозот и македонското земјоделство и тоа во време кога пласманот на производите  се зголемува .

Дијана Ценевска